Достапни линкови

Брејвик контактирал со осомничениот „терорист“ во Полска


Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека има поврзаност меѓу осомничениот за терористички напад врз државното раководство и Андрес Брејвик кој во Норвешка уби 77 луѓе минатата година. Тој изјави дека уапсениот бил фасциниран од Брејвик и дека анализите на контактите на Брејвик помогнале во пронаоѓање на осомничениот.
Јавниот обвинител соопшти дека осомничениот сакал да активира автомобил бомба пред Парламентот кога председателот, премиерот и неколку министри и пратенците ќе бидат во зградата.
При претрес на домот на осомничениот пронајдени се експлозивни материјали и голема количина оружје. Обвинителот истакна дека осомничениот не е дел од политичка група но неговите мотиви биле потикнати од „национализам, антисемитизам и ксенофобија. “
XS
SM
MD
LG