Достапни линкови

Египeт оптимист за можен прекин на огнот во Газа


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун повика на итен прекин на огнот во Газа. Египeтскиот претседател Мухамед Морси денеска изрази уверување дека, како што вели, агресијата на Израел кон Газа ќе заврши за неколку часа.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон наскоро ќе пристигне во регионот во обид да помогне во изнаоѓање на мировно решение за конфликтот.
Во меѓувреме шефот на Арпаската Лига Набил ал Араби пристигна во Газа за да покажа солидарност со Хамас.
Покрај напорите за примирје, израелската војска соопшти дека во изминативе 48 часа погодиле над 100 цели во Газа. Палестинските милитанти испукале 20 ракети кон Израел во изминативе неколку часа, вклучувајќи ја ракетата испукана кон Ерусалим, која не стигна до таму.
Над 100 Палестинци и тројца Израелци загинаа при конфиктот кој трае веќе една недела.
XS
SM
MD
LG