Достапни линкови

Батали прашања, власта сака да зборува за минатото


Наместо одговори, премиерот потсети на тоа што се случувало во времето кога СДСМ биле на власт, не заборави да нотира што владата направила, какви реформи спровела и ги упати пратениците од СДСМ прво да ги ги решат внатрепартиските проблеми и да се угледаат на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како се комуницира со граѓаните.

Не ме прашувај што е проблемот, не барај одговор од мене, туку слушни какви реформи имаме во тој сектор. По ваков терк се однесуваа денеска владините претставници на собраниската седница резервирана за пратенички прашања.
Не е точно дека намерно или со некаква умисла креираме некакви тензии како што вие кажувате, напротив се работи за некакви настани кои се случувале во минатото, нормало и сега се случуваат, бидејќи живееме во држава во којашто живеат повеќе етнички заедници.


Пратениците од опозицијата прашуваа, дали владините коалициони партнери планираат да седнат на маса и да зборуваат со меѓуетничките состојбите, дали владата може да обезбеди фер избори, што е со партиските вработувања, како ќе ги решат состојбите во здравството. Но наместо одговори, премиерот потсети на тоа што се случувало во времето кога СДСМ биле на власт, не заборави да нотира што владата направила, какви реформи спровела и ги упати пратениците од СДСМ прво да ги ги решат внатрепартиските проблеми и да се угледаат на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како се комуницира со граѓаните.

Премиерот Груевски вели дека што се однесува до меѓуетничките односи, Македонија често се соочува со меѓуетнички предизвици, притоа потсетувајќи на настаните во Гостивар, па со Тетовскиот универзитет, случувањата во Кондово, на Пит Базар.
Седум години сте на власт, седум години креирате меѓуетнички тензии. Граѓаните очекуваат, еднаш за секогаш да ја затворите оваа тема.


„Не е точно дека намерно или со некаква умисла креираме некакви тензии како што вие кажувате, напротив се работи за некакви настани кои се случувале во минатото, нормало и сега се случуваат, бидејќи живееме во држава во којашто живеат повеќе етнички заедници“, рече премиерот Никола Груевски. Тој вели дека СДСМ во минатото најверојатно правеле меѓуетнички тензии како дел од сценарио, па оттаму доаѓа и претпоставката дека и оваа влада го прави истото.

Пратеникот Гордан Георгиев незадоволен од одговорот на премиерот повторно праша кога ќе седнат коалиционите партнери да испратат порака за помирување.

„Тоа го очекуваат граѓаните на Република Македонија од вас, не очекуваат да зборувате за настани од деведесетите години. Седум години сте на власт, седум години креирате меѓуетнички тензии. Граѓаните очекуваат, еднаш за секогаш да ја затворите оваа тема.“
Зошто почитуван премиер на вас ви го поставува прашањето, а не на министерот за здравство? Затоа што вие застанавте зад сите негови постапки. Како резултат на таквото однесување денеска лекарите во Република Македонија штрајкуваат, сакал тоа некој да го види или да го прифати.

Што се однесува пак до прашањето дали владата може да обезбеди фер избори, премиерот одговори дека на СДСМ се некој им е крив и затоа што знаат дека ќе ги изгубат изборите, сега креираат алиби дека тие ќе бидат нефер.

„Ќе сме ги покачеле пензиите или не знам стотина луѓе од Пустец побарале или зеле државјанство во општина Ресен и сега вие на база на тоа ќе му објасните на народот дека изборите ќе биле нефер. Па не е само Ресен општина во Македонија, ајде да речеме тоа да ви биде алиби за Ресен, но како ќе ги убедите граѓаните за другите општини. “

Пратениците од опозицијата прашуваа и состојбата во здравството, но наместо на министерот за здравство пратеникот Менде Диневски од СДСМ ова прашање му го постави на премиерот.

„Зошто почитуван премиер на вас ви го поставува прашањето, а не на министерот за здравство? Затоа што вие застанавте зад сите негови постапки. Како резултат на таквото однесување денеска лекарите во Република Македонија штрајкуваат, сакал тоа некој да го види или да го прифати.“

Но премиерот потсети дека во времето на СДСМ ниту клинче не било ставено во здравствените објекти, не се инвестирало во опрема, не се краделе клиники.

„Вие се сеќавате во вашиот мандат клинче не се стави, дваесетина години немаше никаква сериозна реконструкција, инцидентно само тук и таму. Во време на СДСМ не се сеќаваме на намалување на лекови. “

Опозиционерите не беа задоволни од одговорите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG