Достапни линкови

Вработените во Амнести на штрајк


Неколку стотици вработени во Амнести Интенешнл денеска излегоа на штрајк во Лондон поради најавените рестриктивни мерки за штедење кои може да резултираат со отпуштање на 500 вработени. Ова е втор штрајк на вработените во изминативе два месеца во организацијата. Програмскиот директор на Амнести Интернешнл за САД Сузан Ли минатата недела си даде оставка поради неуспехот на менаџментот да ги исполни обврските, односно да го третира персоналот чесно, фер и со почит.
XS
SM
MD
LG