Достапни линкови

logo-print

Адвокатите на Санадер ќе поднесат жалба


Адвокатите на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер најавија жалба против пресудата со која тој доби 10 годишна затворска казна поради воено профитерство и мито. Санадер беше обвинет за земање поткуп од 10 милиони евра од унгарската нафтена компанија Ина Мол и 480 илјади евра провизија од Хипо банка во 90-те години на минатиот век. Голем дел од реакциите на хрватските политичари за денешната пресуда гласат дека таа е очекувана и не е политичка и дека военото профитерство не може да се отвори и затвори само со Санадер.
XS
SM
MD
LG