Достапни линкови

Хаг се надева на продолжување на соработката со Србија


поранешниот хрватскиот генерал Младен Маркач

поранешниот хрватскиот генерал Младен Маркач

Хашкиот трибунал верува дека властите во Србија ќе ја продолжат добрата соработка во доставувањето документи, кои се потребни за тековните судски процеси. Ова го изјави портпаролот на главниот хашки обвинител Фредерик Свинен,
коментирајќи ја одлуката на српската Влада да ја сведе на техничко ниво
соработката со Трибуналот и да ги отстрани од дневен ред сите барања од Хаг
за доставување на документи. Српската Влада донесе вакво решение по ослободителната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.
XS
SM
MD
LG