Достапни линкови

Санадер осуден на 10 години затвор


Судот во Загреб денеска го осуди поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на 10 години затвор за случаите Хипо и Ина Мол.
Тој беше обвинет за земање 10 милиони евра поткуп од директорот на унгарската нафтена компанија Ина Мол во замена за контролниот пакет акции во хрватската компанија ИНА. Во истиот процес на Санадер му се судеше и за земање на околу 480.000 евра провизија од кредитот што Хрватска го добила од австриската банка Хипо во средината на 90-те години.
XS
SM
MD
LG