Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Сирија може да стане регионално боиште


Бан Ки Мун и Набил Елараби

Бан Ки Мун и Набил Елараби

Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е длабоко загрижен за влошената хуманитарна ситуација во Сирија и натамошната милитаризација на земјата соочена со 20 месечен внатрешен конфликт.
Бан за ова во Каиро разговараше со Генералниот Секретар на Арапската Лига Набил Елараби. Бан стравува дека зголемувањето на насилствата и нарушувањето на човековите права се закана Сирија да стане регионално боиште.
Тој упати апел за зголемена хуманитарна помош за Сирија и сиријците бегалци во соседните земји.
XS
SM
MD
LG