Достапни линкови

Поранешниот министер за одбрана на Грузија во притвор


Иракли Окруашвили

Иракли Окруашвили

Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окруашвили е ставен во притвор во Тбилиси каде што се врати по пет години минати во странство. Грузискиот министер за правда Тцуликиани изјави за новинарите дека Окруашвили се вратил дома со намера да ја докаже својата невиност. Таа додаде дека иако судовите во Германија и Франција сметаат дека тој е политички прогонувани, сепак не не е можно да бидат укинати сите обвиненија против него веднаш. Oкруашвили ја напушти Грузија во 2007 година по истраги за мито и формирање на нелегална вооружена група. Нему му беше судено во отсуство и е осуден на 11 години затвор. Враќање во Грузија се случи неколку дена откако новата влада започна истрага против неколку поранешни функционери на Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG