Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун бара примирје во Газа, Клинтон во регионот


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на итен прекин на огнот во Газа додека израелската операција влегува во 7 иот ден. Бан во Каиро изјави дека копнена операција би довела до опасна ескалација на конфиктот. Белата куќа вбо меѓувреме соопшти дека претседателот Баракл Обама ја испраќа во регионот државниот секретар Хилари Клинтон. Таа треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда во Ерусалим, а потоа и со лидерите на Египет и палестинците. И покрај мировните напори, Израел соопшти дека вчера и завчера биле погодени над 100 цели во Газа. Палестинските милитанти истрелале пак 20 ракети врз Израел во текот на ноќта. Над 100 палестинци и тројца израелци загинаа од минатата среда.
XS
SM
MD
LG