Достапни линкови

Денеска ќе се објави пресудата за Санадер


Судот во Загреб денеска треба да ја соопшти пресудата во случајот против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер според обвиненијата за корупција.
Тој е обвинет за земање 10 милиони евра поткуп од директорот на унгарската нафтена компанија МОЛ во замена за здобивање со контролниот пакет акции во хрватската компанија ИНА.
Во истиот процес на Санадер му се суди и за земање на околу 480.000 евра провизија од кредитот што Хрватска го добила од австриската банка Хипо во средината на 90-те години, кога Санадер бил заменик министер за надворешни работи. Во својот завршен говор во процесот обвинителството, го нарече Санадер предавник на националните интереси и побара максимална казна од 15 години затвор. Одбраната, пак, инсистира на ослободителна тврдејќи дека вината не била докажана.
XS
SM
MD
LG