Достапни линкови

Најмалку 100 Палестинци загинаа во Газа


Палестинските власти соопштија дека бројот на палестински жртви во Газа денеска достигна до 100 загинати луѓе. Израелската војска стартуваше воена операција врз Газа како одговор на ракетните напади од Хамас. Најмалку тројца Израелци загинаа при 6 дневниот конфликт. Израел соопшти дека милитантите од Хамас испукале стотици ракети кон Израле во изминативе неколку дена. Во меѓувреме Египет се обидува да издејствува прекин на огнот меѓу двете страни. Генералниот секретар Бан Ки Мун денеска пристигна во Каиро да ги поддржи мировните преговори. Се очекува до утре најдоцна да го посети и Израел.
Врховниот лидерот на Хамас во егзил Калед Мешал изјави денеска во Каиро дека се зависи од Израел дали ќе го прикинат огнот, затоа што, како што вели, „тие ја започнаа војната.“
XS
SM
MD
LG