Достапни линкови

Дел од бунтовниците во Сирија одбија учество во коалицијата


Дел од бунтовничките групи во северениот дел на Сирија соопштија дена нема да се приклучат кон сириската ноформирана опозициска коалиција. Во видео изјава претставници на 13 радикални исламски бунтовнички фракции отфрлија да учествуваат во, како што велат, „странскиот проект“. Тие соопштија дека нивното седиште ќе биде во северниот град Алепо во „исламска држава“. Видеото е реакција на формирањето на Сириската опозициска коалиција која доби поддршка од западните земји. Шефот на коалицијата Моуаз ал Катиб денеска соопшти дека седиштето на опозицијата ќе биде во Каиро.
XS
SM
MD
LG