Достапни линкови

Орав: Не сакав никого да навредам


Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави дека немал намера да навреди никого со минатонеделниот говор во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кога го употребил терминот „славомакедонци“ при именувањето на македонскиот народ.
Тој додаде дека неговиот говор во ЕП содржел три главни пораки: околу перспективите на земјата во однос на ЕУ, околу прогресот кој го постигнала во изминатите неколку месеци и за важноста од унапредување на
овој прогрес за понатамошно приближување кон ЕУ.
Тој објасни дека во однос на прашања врзани со меѓуетничките прашања, користел јазик разбирлив за присутните таму и дека со тоа не дал никаква политичка изјава, ниту имал за цел да навреди неко
Орав изјави дека ЕУ не зазема страна во спорот околу името,ниту предвидува исходот од преговорите околу името и дека ЕУ се надева оти ќе види заемно прифатливо решение за спорот.
XS
SM
MD
LG