Достапни линкови

logo-print

„Невидливите“ лекари се преселија пред министертво за здравство


Лекарите денеска своето незадоволство го искажаа пред Министертвото за здравство со порака „невидливите се тука“. Синдикалниот лидер д-р Дејан Ставриќ изјави дека одлучиле да дојдат пред министерството со цел да бидат видени, затоа што според министерот за здравство во земјава лекарите не штрајкуваат. Тој изјави дека се притисоците за задушување на штрајкот се засилуваат. Веќе чеврти ден се лекуваат само итните случаи, а болните на кои не им е ургетна состојбата се прегледуваат без да им се издадат наодите. Министерот за здравство Никола Тодоров и натаму останува на ставот дека платата според сработеното е успешен проект.
XS
SM
MD
LG