Достапни линкови

Ново поскапување на бензинот


Бензинот од вечерва на полноќ поскапува за денар до 1,5 денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 0,5 денар по литар. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар за литар и сега ќе изнесува 80 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за денар по литар и ќе се продава за 81,5 денари за литар. Новата цена на Еуродизел е 72,5 денари за литар. Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,07 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,72 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
XS
SM
MD
LG