Достапни линкови

Бројот на загинати Палестинци порасна на 95


При израелски воздушен напад денеска во Газа загинаа најмалку 18 Палестинци со што бројот на палестински жртви се искачи на 95. Израелската војска соопшти дека синоќа извршиле околу 80 напади против милитантите од Хамас. Египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Амр најави дека заедно со делегација на арапски министри утре ќе ја посетат Газа. Египет се обидува да биде медијатор во мировните преговори меѓу палестинските и израелските претставници.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска го нарече Израел „терористичка држава“ која споведува „терористички акт“ врз Газа убивајќи цивили и деца.
XS
SM
MD
LG