Достапни линкови

Предлог буџетот за едни развоен за други предизборно купување гласови


Вицепремиерот Зоран Ставревски денеска во Собранието го oцени предлог буџетот за 2013 година како развоен и соодвeтен одговор на кризата. Тој истакна дека во него се опфатени капитални инвестиции кои се за 10 проценти поголеми од годинешниве, економски раст од 2 проценти, како и средства за субвенции, образование, здравство, зголемување на пензии и враќање на долговите.

Опозицијата смета дека предложениот буџет е признание на владата дека нема визија како да ги реши проблемите во економијата, дека е базиран на кредити и долгови и е проектиран за предизборно купување на гласовите на пензионерите и социјално загрозените луѓе.
Албанската опозициска партија НДП забележа дека во новиот буџет помалку пари се одвоени за децентрализацијата.
XS
SM
MD
LG