Достапни линкови

Иванов побарал извинување од Орав


Претседателот Ѓорге Иванов денеска го повикал евроамбасадорот Аиво Орав на итни консултации, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“ во неговиот говор пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Новинската агеннција МИА повикувајќи се на извори од кабинетот јавува дека на средбата Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да му се извини на македонскиот народ и да изрази почит кон основниот принцип на самоопределување и самоименување. Претходно постапката на Орав ја осуди и Владата.
XS
SM
MD
LG