Достапни линкови

logo-print

Медведев: Насилните спортски навивачи ќе одат во затвор


Голманот на Динамо Москва Антон Шунин

Голманот на Динамо Москва Антон Шунин

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека навивачите кои ќе се однесуваат насилно за време на спортски настан „мора да одат во затвор“. Медведев нареди владата да изготви легислатива против насиството во спортот, откако руски познат голман беше ранет за време на натпревар. Станува збор за голманот на Динамо Москва Антон Шунин кој беше повреден од петарда која кон него ја фрлиле навивачи за време на натпревар во саботата. Голманот се здоби со изгореници, оштетен слух на едното уво. Десетици навивачи се приотворени и отворена е истрага за кривично дело поради инцидентот. Двата фудбалски тима Динамо Москва и Зенит имаат долга историја за насилничко однесување на нивните навивачи со што се отвара сомнеж за тоа дали Русија е соодветна земја за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 година.
XS
SM
MD
LG