Достапни линкови

Седиштето на сириската опозиција ќе биде во Египет


Сириските опозициски лидери

Сириските опозициски лидери

Сириската обединета опозиција донесе одлука за нивното седиште да биде во Египет. Ова го соопшти лидерот на опозицијата Моуаз ал Катиб по средбата со египетскиот министер за надворешни работи Мухамад Амр во Каиро.
Но во соопштението од египетското министертво по средбата не беше наведено дали седиштето на сириската опозициска коалиција ќе се пресели во египетскиот главен град. Во меѓувреме италијанскиот премиер Марио Монти за време на неговата посета на Катар изјави дека Италија го прознава сирискиот опозициски совет, но без да се дефинира дали тоа значи и наполно дипломатско признавање.
Франција и Советот за соработка во Заливот ја признаа сириската обединета опозиција.
XS
SM
MD
LG