Достапни линкови

Обама во посета на Камбоџа


Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигна во Камбоџа како дел од турнејата низ трите држави во југоисточна Азија. Обама ќе присуствува денеска на самитот на Источна Азија, а предвидено е да оддржи средба и со премиерот на Камбоџа Хун Сен. Според најавите на Вашингтон се очекува Обама со Сен да разговара за загриженоста на Западот за злоупотребата на човековите права во земјата.
Претходно Обама беше во посета на Бурма каде што ги промовираше демократските реформи по децениското воено владеење во земјата.
XS
SM
MD
LG