Достапни линкови

logo-print

Македонија - што поголеми симболи тоа помала перспектива


Илустрација.

Илустрација.

Повисоки споменици, поголеми знамиња, леб и циркус за народот како компензација за падот на идеите за човековиот прогрес. И после младите бегале од земјата, а наталитетот опаѓал?

Се намалува перспективата, осиромашуваат идеите, а растат симболите, го толкуваат однесувањето на властите експертите, но и граѓаните откако и во Кичево по нараснувачкиот број повеќеметарски споменици во Скопје, на јарбол висок 33 метри се појави шестметарско знаме во чест на прославата на стогодишнината од албанската независност и знаме на која говор одржа и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Проблемот е во тоа што тие постојано водат некоја борба за власт и тоа е начин или алатка како да ги придобијат гласачите. Штом на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ им успева веќе четири пати по ред, ние во иднина само ќе имаме поголем број на споменици, поголеми знамиња и поголема сиромаштија.

„Проблемот е во тоа што тие постојано водат некоја борба за власт и тоа е начин или алатка како да ги придобијат гласачите. Штом на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ им успева веќе четири пати по ред, ние во иднина само ќе имаме поголем број на споменици, поголеми знамиња и поголема сиромаштија“, анализира професор Хасан Јашари.

Истакнувањето на сè поголеми симболи и споменици може да биде добра компензација за неостварените економски ветувања, додава професор Ѓорѓи Тоновски.

„Во стилот „лети циркус“, во дадени моменти кога се многу кризни состојбите се настојува на некој начин да се сврти вниманието на друга страна од тоа што значи економија, од тоа што значи леб итн.“
Во стилот „лети циркус“, во дадени моменти кога се многу кризни состојбите се настојува на некој начин да се сврти вниманието на друга страна од тоа што значи економија, од тоа што значи леб итн.

За граѓаните, пак, не постои компензација. Во допир со реалноста сè погласно се прашуваат кому му служат симболите и спомениците и не се двоумат ако треба да бираат вработување и стандард.

„Добиваат повеќе гласачи и затоа го прават тоа, инаку што друго, што постигнаа? Ако нема работа, ако нема фабрики, тие со нивните знамиња нека се веселат, па да видиме до каде ќе тераат така.“

„Да се вработат младите деца да работат, а не да градат споменици“, велат анкетираните граѓани.

Многу пораки има во ваквото однесување на властите кое се интензивира со приближувањето на изборите, појаснува професор Ѓорѓи Тоновски.

„Симболите се фактички еден индикатор на тоа дека се остварува сентенцата „ветивме-направивме или правиме“. Натаму, тие се сепак во определена димензија манифестација на политичката моќ“, вели Тоновски.

Во еден голем дел тие сакаат да испратат и порака која може да биде индикатор на некои идни намери, додава Тоновски, или да понудат изненадување тогаш кога сите други можности се исцрпуваат.

Дооформување на државноста и внесување на земјата во европското семејство, изградбата на демократски институции се теми на кои полека властите снемуваат одговор, велат аналитичарите. Со тоа, идејата на човековиот прогрес ја снемува, а се зголемува бројот на оние кои си заминуваат од земјава.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG