Достапни линкови

Расмусен го повика Израел на воздржаност


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска го повика Израел да покаже воздржаност при реакцијата на нападите од Појасот Газа. Израел има право на самоодбрана и нападите против Израел мора да престанат, но меѓународната заедница исто така очекува од Израел да покаже воздржаност, изјави Расмусен. Тој додаде дека НАТО не е инволвиран во мировниот процес на Блискиот Исток, но ги поздравува меѓународните напори за наоѓање решение на кризата.
XS
SM
MD
LG