Достапни линкови

Денеска и утре во Њујорк разговори на Нимиц со Јолевски и Василакис


Илустрација

Илустрација

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе има средби со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Нимиц, како што најави прес-службата на ОН, прво ќе има одделни, а потоа и заедничка средба со Јолевски и Василакис со цел да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес во решавањето на прашањето за името. Нема официјални најави дали Нимиц ќе излезе со нови конкретни предлози и идеи. Тој на почетокот на месецов изјави дека дека и натаму верува оти ако се направи обид на лидерствата во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името во наредните месеци.
XS
SM
MD
LG