Достапни линкови

Почнува расправата за буџетот 2013-та


Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по Предлог-буџетот за 2013 година. На дневен ред е на Комисијата за финансирање и буџет.
Според поредлогот вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари, расходите се на ниво од 165 милијарди и 652 милиони денари, а буџетскиот дефицит е 3,5 проценти од БДП.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната владина седница информира дека буџетот ќе се презентира со аргументи. - Мислам дека тука добро стоиме бидејќи е многу реално проектиран со два отсто раст за следната година, што би било добро имајќи предвид дека и последните податоци од еврозоната се дека во третиот квартал цела Европа е во рецесија,
На владиниот предлог на буџетот во Собранието поднесени се 1.026 амандмани, од кои СДСМ има поднесено 528 амандмани, НДП 460.
XS
SM
MD
LG