Достапни линкови

logo-print

Газа - Чекајќи го Бан Ки-мун


Израелските воени авиони презедоа околу 80 напади врз цели на Хамас во Газа во текот на ноќта. Денеска се јавува за десетина нови жртви. На шестиот ден од конфиктот меѓу милитантите на Хамас што владее во Газа и Израел во дипломатска мисија во регионот пристигнува генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска ќе ги посети Египет и Израел за да даде поддршка на напорите за постигнување примирје меѓу Израел и милитантите на Хамас во Газа. Бан ќе се сретне со египетскиот претседател Мухамед Морси. Египет е една од неколкуте муслимански земји која има дипломатски односи со Израел и Морси е активен во обидот на издејствува примирје меѓу лидерите на Хамас во Газа и израелските власти.
Ние го посакуваме тука. Тој е добредојден и се надеваме дека ќе успее да ја подобри ситуацијата.

Информирани за посетата на Бан Ки-мун на регионот, жителите на Газа реагираат со измешани чувства. Фалах Ибраим се надева дека посетата може да ја подобри ситуацијата.
Израелски војници во близина на границата со Појасот Газа.

Израелски војници во близина на границата со Појасот Газа.


„Ние го посакуваме тука. Тој е добредојден и се надеваме дека ќе успее да ја подобри ситуацијата.“

Но, не се сите така одушевени. Некои граѓани на Газа како Јусуф се сеќава на последната посета на првиот човек на Светската Организација Бан Ки-мун во 2009 година.

„За мене не е добредојден, бидејќи и за време на последната војна во 2008 и 2009 ништо не направи. И сега пак ништо нема да направи за нас. Ќе зборува за преземање акција, но ништо од тоа нема да биде.“

Ракетните напади на Хамас од територијата на Газа и загинувањето на цивилите го предизвика Израел да реагира на 14 ноември и да бомбардира неколку цели на Хамас.

Речиси 90 Палестинци и тројца Израелци се убиени досега.

Овој последен конфликт повторно го продлабочува јазот меѓу муслиманскиот свет и западните земји.

Повеќето муслимански земји им изразуваат подршка на Палестинците во Газа, додека западните земји го подржуваат правото на Израел да се брани од ракетните напади на Хамас.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG