Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Египет и Израел


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун соопшти дека ќе ги посети Египет и Израел за да даде поддршка во напорите за постигнување примирје меѓу Израел и милитантите на Хамас во Газа. Бан ќе се сретне со египетскиот претседател Мухамед Морси. Египет е една од само неколкуте муслимански земји која има дипломатски односи со Израел и Морси е активен во обидот на издејствува примирје меѓу лидерите на Хамас во Газа и израелските власти. Се уште не се знае кога Бан ки Мун ќе пристигне во Израел.
Редовните ракетни напади од страна на Хамас, предизвикаа Израел да реагира на 14 ноември, бобмардирајќи неколку цели на Хамас. Околу 50 Палестинци и тројца Израелци се убиени досега.
XS
SM
MD
LG