Достапни линкови

Екипаж на Меѓународната вселенска станица слета во Казахстан


Вселенски брод кој со себе носи три астронаути од вселенската Меѓународна станица слета во Казахстан, на околу 35 километри од планираното место на слетување. На бродот беа Русинот Јуриј Маленченко, Јапонецот Акихико Кошиде и Американката Сунита Вилјамс, кои само што ја завршија 126-дневната мисија. Руската вселенска контрола соопшти дека поради минимално задоцнување во постапкитите бродот ја пропуштил својата цел на слетување, но хеликоптери и спасувачки екипи пристигнале кратко време откако бродот слетал. Руските космонаути Олег Новицки и Евгениј Тарелкин и Американецот Кевин Форд останаа на бродот на Меѓународната вселенска станица. Тие пристигнаа таму на пет-месечната мисија кон крајот на октомври, а се планира да им се приклучат уште три астронаути во декември.
XS
SM
MD
LG