Достапни линкови

Организацијата на исламските земји за соработка усвои резолуција за Косово


Советот на министерите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка усвоила Резолуција за Косово со која се апелира до сите преостанати земји членки на оваа организација, кои не го сториле тоа, да ја признаат независната и суверена држава Косово. Во резолуцијата усвоена на 39- тата сесија на Советот на организацијата одржана во Џибути, се повикуваат земјите членки да го разгледаат признавањето на независноста на Република Косово, која се базира на правото за слобода и суверенитет и националната практика. Советот на министрите на организацијата го поздравуваат напредокот на Косово постигнат во изминатите пет години, а посебно завршувањето на набљудуваната независност.
XS
SM
MD
LG