Достапни линкови

Дамаск: Франција се однесува непријателски кон Сирија


Сириските власти ја осудија одлуката на Франција да прими амбасадор на новата колаиција на сириската опозиција, оценувакќи дека тоа претставува непријателски чин кон Сирија. Франција се однесува како непријателска држава, изјави сирискиот портпарол Али Хејдар во Техеран, каде присуствуваше на собир за национален дијалог. Алудирајќи на периодот меѓу 1920 и 1946 година кога Сирија беше мандатно подрачје на Франција, Хејдари изјави дека Париз сака да зборува во име на сирискиот народ. Новоформираната коалиција на сириската опозиција не учествуваше на собирот во Техеран, бидејќи како услов за секаков дијалог го поставила одењето од власт на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG