Достапни линкови

Репортери без граници со осуда за нападите на Израел


Репортери без граници денеска ги осудија нападите на Израел врз двата медиумски центри во Газа при што се ранети најмалку 6 палестински новинари и оштетена е опремата на странските дописници.
При нападите на двете медиумски згради оштетени се седиштата на телевизиската станица на Хамас Ал Аќса и на либанската тв станица Ал Кудс. Медиумите Скај Њус Арабија, Русија денес, германската АРД и англиска телевизија остана без нивната опрема при нападите. Директорката на организацијата Репортери без граница Кристофе Делоире во Париз ги оцени нападите како неоправдани и закана за слободата на информирањето.
XS
SM
MD
LG