Достапни линкови

logo-print

Попоски: Македонија спремна уште само датум недостига за преговори


Во пресрет на декемврискиот совет на ЕУ, Македонија има кристално чисто досие од аспект на оценката на Европската комисија. Претстојната рунда разговори за името со посредникот на ОН Метју Нимиц е добра можност да се покаже колку е конструктивен секој и колку ги почитува преземените обврски. Ова го изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Поповски на отворената седница на Владата.
Тој додаде дека патоказот е подготвен и испратен во Брисел и сега на земјата и останува, како што вели, „само да ја добие онаа практична одлука и да отпочне скринингот по поглавја“. Што се однесува до членството во НАТО Попски изјавил дека во оваа фаза Македонија е де факто земја – членка на НАТО со оглед на учеството во мисиите и потпишаните договори, односно земјата е целосно компатибилна да учествува во НАТО на ниво на земја -членка.
XS
SM
MD
LG