Достапни линкови

logo-print

Груевски: Ивановски несоодветно се изразил


Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски се изразил несоодветно и делумно несоодветно била разбрана изјавата за забраната за емитување турски серии, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој при неговата денешна посета на Кисела Вода истакна дека Македонија со Турција има одлични пријателски односи и дека Ивановски зборувајќи за турските серии немал намера за навреда. Груевски додаде дека создавањето на домашна продукција е едно прашање, за кое не може Турција да ни биде виновна затоа што ја нема, ако не се турските серии ќе бидат некои други.
На новинарско прашање за поставување на шестметарско албанско знаме во Кичевско во чест на сто годишнината од албанската независност и знаме, премиерот Груевски рече дека тоа не го видел и заради тоа не може да го коментира настанот но мора да се провери дали тоа е во согласност со Рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG