Достапни линкови

logo-print

Над 50 илјади луѓе оддадоа почит во Вуковар


Колона од над 50.000 луѓе, со положување венци и молитви во Вуковар денеска го одбележаа Денот на сеќавањето на жртвите од 1991 година и 21 година од окупацијата на градот. Колоната, на патот од пет и пол колометри од вуковарската болница до Меморијалните гробишта на жртвите од војната, ја предводеше државниот врв. Во неа беа воени ветерани, граѓани, но и ослободениот од Хашкиот трибунал полициски генерал Младен Маркач.
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека државниот врв, но и сите други на Вуковар дојдоа да се сетат на невините жртви и страдања, и да дадат ветување на децата дека никогаш повеќе нема да се случи такво нешто.
XS
SM
MD
LG