Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е ниско задолжена земја


Манипулациите и политичкиот маркетинг на СДСМ пред јавноста не можат да ја скријат вистината, а таа е дека Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Ова е дел од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресконференцијата на СДСМ за задолженоста на Македонија ма која опозицијата обвини дека земјава до 2017 година ќе треба да врати милијарда евра. Во продолжение на писмената реакција е наведено дека Македонија е втора земја во Европа која најмалку ја зголемила задолженоста меѓу 2009 и 2012 година а од друга страна, во периодот од 2007 до 2012 година исплатиле скоро 400 милиони евра, долгови кои главно биле направени од СДСМ.
XS
SM
MD
LG