Достапни линкови

СДСМ: До 2017 година треба да се вратат над милијарда евра


Во 2015,2016 и 2017 година Македонија ќе треба да врати долг кон странство во износ од една милијарда евра соопшти опозициската партија СДСМ. Тие се повикуваат на податоци од стратегијата за управување со јавен долг која е објавена пред две години. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски изјави дека владата и премиерот Груевски со години безмилосно ги задолжуваат граѓаните но кога ќе дојде сметката ќе стане јасно дека живеењето на кредит е убаво додека да дојде времето за плаќање. Тој побара од власта да ги исполни законските обврски и да ги обвнови документите врзани за фискалната стратегија и старетгијата за управување со јавниот долг.
XS
SM
MD
LG