Достапни линкови

logo-print

Обама: Израел има право да се одбрани


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека целосно го поддржува правото на Израел да се одбрани себеси. Тој повика на прекин на огнот и ракетните напади кон Израел од милитантите од внатрешноста на Газа.
„Ниту една земја на светот нема да толерира ракетни напади врз своeто населениe, кои доаѓаат надвор од границата, и затоа во целост го поддржуваме правото на Израел да се одбрани,“ изјави Обама на пресконфернцијата во Тајланд.
Израелско- палестинскиот конфликт веќе петти ден не се смирува, додека израелската војска се подготвува дополнително да ја прошири воената операција а египетскиот претседател кој се обидува да биде медијатор во мирони преговори изрази надеж за можен прекин на огнот.
XS
SM
MD
LG