Достапни линкови

Хелсиншки бара стопирање на негативната кампања против ЛГБТ заедницата


Хелсиншки комитет за човекови права го осуди вчерашниот инцидент кој се случи пред почетокот на Маршот на толеранција и побара од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски јавно да го осудат насилството врз активисти за човекови права. Во соопштението е наведено дека бараат од нив да ја прекинат негативната кампања што ја водат, како што е наведено во соопштението „ заедно со провладините медиуми “ а која е насочена кон лицата од ЛГБТ заедницата и ативисти за човекови права.
Во продолжение Хелсиншки комитет бара од владата да ги спроведе измените на кривичниот законик со кои се превидува санкции за дела мотивирани од омраза, вклучително и од омраза врз основа на сексуална ориетација и родов идентитет.

Вчера пред почетокот на маршот двајца активисти за човекови права беа нападнати од маскирано лице. Во соопштението на Хелсиншки е наведено дека напаѓачот е приведен и против него ќе се поведе постапка за кривично дело „насилство“.
XS
SM
MD
LG