Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Египет


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун пристигна денеска во Египет. Тој денеска треба да се сретне со египетскиот претседател Мухамед Морси и неколку претставници на Владата. Во соопштението на министерството за надворешни работи не се наведени детали за средбата, освен дека ќе разговараат за регионални прашања. Се претпоставува дека главна тема на разговор ќе бидат започнатите преговори на Морси со претставници на Хамас и изралските власти за прекин на огнот во Појасот Газа. Морси по стартот на преговорите изјави дека постојат индиции дека е можен прекин на огнот наскоро.
XS
SM
MD
LG