Достапни линкови

logo-print

Германија инсистира на повлекување на паралелните институции во Косово


Германскиот амбасадор во Белград Хајнц Вилхелм денеска изјави дека дијалогот меѓу Србија и Косово мора да биде „ црвст и неповрaтен“ за Србија да може да добие зелено светло за датум за почеток на преговори во ЕУ. Тој истакна дека Евроспката Унија не бара признавање на Косово туку нормалиризирање на односите и отстапка на Србија од блокадата на Косово за членство во меѓународни институции. Вилхелм изјави дека Германија и натаму ќе инсистира Белград да ги ги укине паралелните институции на северот на Косово, односно да се повлечат параполициските и парасудскисте српски органи. Тој додаде дека планот на Ахтисари предвидува широка автономија кога е во прашање на локалната самоуправа, култура, образование, и тие бенефиции српската заедница треба во потполност да ги искористи.
XS
SM
MD
LG