Достапни линкови

Кипар ги доби условите за помош од „тројката“


Меѓународните кредитори ги претставија на кипарските власти условите од програмата за финансиска помош на земјата, јавуваат кипарските медиуми. „Тројката“ меѓународни кредитори составена од претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, бараат зголемување на процентот на буџетски намалувања и кревање на даноците до 1,2 милијарди евра. На почетокот на преговорите, пред четири месеци, стануваше збор за потребно штедење во вредност од 975 милиони евра. Државната телевизија јави дека доверителите бараат да биде укината 13тата плата, да бидат приватизирани државните претпријатија и да биде запрена државната финансиска помош на фондот за социјално осигурување.
XS
SM
MD
LG