Достапни линкови

logo-print

Самит на југоисточни азиски држави во Камбоџа


Лидерите на Асоцијацијата на југоисточните азиски држави на отварањето на самитот во Камбоџа ја усвоија декалрацијата за заштита на човекови права. Организациите кои се во овој сектор сметаат дека предлог- документот кој е ставен на гласање не ги исполнува основните меѓународни стандарди.

Десетчлената асоцијација соопшти дека ќе направи дополнителн измени на текстот во согласност со жалбите за него, но светската организација Хјуманс Рајтс воч истакна дека тоа не е доволно за да се поправат грешките и недостатоците во документот.

Во Асоцијацијата членуваат Бурма, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд, Лаос и Виетнам. Во понеделник се очекува на самитот да присуствуваат и лидерите на Австралија, Кина, Индија, Јапонија, Нов Зеланд, Русија, Јужна Кореја и САД.
XS
SM
MD
LG