Достапни линкови

Илјадници луѓе се збогуваа со индискиот политичар Такерај


Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Мумбаи во Индија да присуствуваат на погревот на хиндунационалистичкиот политичар Бал Такерај. Станува збор за најмалку 20 илјади луѓе кои под силно полициско обезбедување учествувале во погребната поворка. Полицијата стравуваше од инциденти имајќи ја в предвид насилната историјата на екстремистичката група која Такерај ја предводеше. Тој почина од срцев удар на 86 годишна возраст. Владата го обвинуваше Такерај за иницирање насилство против муслиманите за време на протести во 1990-тите години при кои загинаа околу илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG