Достапни линкови

Лагард: Договорот со Грција да се базира на реалност


Договорот меѓу кредиторите на Грција за намалување на долгот на земјата треба да се базира на реалноста, а не на желбите, изјави пред средбата со европските лидери шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Таа истакна дека е важно да се обезбеди трајно решение за грчкиот долг, со цел да се избегне продолжување на рецесијата и нови штети на економијата на земјата. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ја скуси посетата на Азија за да може да присуствува на средбата на Еврогрупата во вторник во Брисел. ММФ и владите од еврозоната спорат околу тоа како да се намали големиот долг на Грција, што го забавува доделувањето на следната транша од 31 милијарда евра помош за Атина.
XS
SM
MD
LG