Достапни линкови

Првата турнеја на Обама низ Азија


Американскиот претседател Барак Обама денеска ја стартува неговата прва турнеја по изборите во САД. Тој денеска ќе пристигне во Бангкок каде ќе се сретне со тајландските власти со цел унапредување на односите. В понеделник заминува за Бурма и потоа за Камбоџа. Во вторник ќе присуствува на Самитот на Источна Азија. Вашингтон својата надворешна политика ја преориентира кон економијата, при што се подготвува да ги зајакне односите со земјите кои барат помош од САД за да можат да балансираат со растечката моќ на Кина.
XS
SM
MD
LG