Достапни линкови

Морси: Има шанса за прекин на огнот во Газа


Облаци од чад се уште се надвиснати над Појасот Газа откако Израел започна со воените напади. Израелската војска соопшти дека при вчерашните авионски напади врз Газа го погодиле седиштето на безбедносните служби на Хамас. Палестински извори тврдат дека при нападите е оштетена и зградата на сателитскиот канал Ал Кудс и на телевизијата Иран Пресс. И покрај континуираните напади во изминативе 48 часа, египетскиот претседател Мухамед Морси оддржа разговори со преставници на Хамас и израелските власти со цел постигнување договор за прекин на огнот.
Израелската војска потврди дека од синоќа Хамас нема извршено напад врз Израел. Морси по разговорите со двете страни соопшти дека има шанса за примирје.
Исто така Арапската лига најави дека најдоцна до утре делегација предводена од шефот на лигата Набил ел Арабу ќе ја посети Газа.
XS
SM
MD
LG