Достапни линкови

logo-print

Пламна продажбата на книги во првата аутлет книжарница


Првата аутлет книжарница Феникс во Скопје.

Првата аутлет книжарница Феникс во Скопје.

Над 2.000 посетители за само неколку дена се извртеа во првата аутлет книжарница што неодамна ја отвори книгоиздателството „Феникс“ од Скопје. Ова е вистински показ дека во Македонија се чита, вели писателот и идејниот творец на овој проект Христо Петревски.

Скопје и Македонија конечно ја добија и првата книжарница за евтини книги. Белетристика, енциклопедии, речници, детски и стручни изданија од скоро сите издавачи во земјава, по исклучително ниски цени, во просек од 100 до 200 денари, веќе пет дена, како алва се продаваат во просторот што за љубителите на пишаниот збор го отвори книгоиздателството „Феникс“.
Она што особено радува тоа е големата посетеност од страна на младата популација, всушност учениците и студентите, и можеме да се пофалиме дека само за неколку дена во книжарницата продефилираа над 2.000 посетители што нас не охрабрува и не обврзува.

Христо Петревски, како прв човек на оваа издавачка куќа, откако ќе забележи дека идејата всушност произлегла од потребата за продажба на ваквите изданија во текот на целата година, а не само на саемите за книги, потенцира дека и самиот е изненаден од интересот што го пројавиле читателите.
Христо Петрески, писател и идеен творец на првата аутлет книжарница Феникс.

Христо Петрески, писател и идеен творец на првата аутлет книжарница Феникс.


„Она што особено радува тоа е големата посетеност од страна на младата популација, всушност учениците и студентите, и можеме да се пофалиме дека само за неколку дена во книжарницата продефилираа над 2.000 посетители што нас не охрабрува и не обврзува.“

Тој дополнува дека во периодот што следува ќе работат на тоа да ја зголемат понудата на изданијата на македонски јазик, но и да сторат напор да ја збогатат со книги на англиски јазик и објави на издавачките куќи од земјите во регионов.
Во Македонија има читатели, но очигледно тие читатели не биле во можност да ги купат изданијата што ги посакувале бидејќи тие биле со повисоки цени од нивните очекувања и од нивните можности. Ова одговорно го тврдам бидејќи сега кога тие книги се со цени од 100, 150 и 200 денари, без никаков проблем се купуваат. Тоа е формулата на успехот.

„Со идните промоции на книги, средби со автори, трибини, дебати, верувам дека ќе успееме да ги привлечеме уште повеќе не само граѓаните на Скопје, туку и генерално читателите од Републиката.“

Инаку, според него, интересот на публиката за понудените книги го крепи уверувањето дека во Македонија има читатели.

„Во Македонија има читатели, но очигледно тие читатели не биле во можност да ги купат изданијата што ги посакувале бидејќи тие биле со повисоки цени од нивните очекувања и од нивните можности. Ова одговорно го тврдам бидејќи сега кога тие книги се со цени од 100, 150 и 200 денари, без никаков проблем се купуваат. Тоа е формулата на успехот и мислам дека треба да се продолжи во таа насока. Наместо книгите да бидат залихи во магацините, да собираат прашина во некои рафтови што побрзо да се преселат во домовите на граѓаните и читателите да си формираат свои мини библиотеки.“

Писателот и прв човек на „Феникс“ не ја исклучува можноста наскоро да биде организиран и посебен антикварен дел во аутлет книжарницата, а интересно е што непосредно по отворањето беше сторена и промоцијата на антологијата „Планета Скопје“ чиј приредувач беше токму Петревски.

„Планета Скопје е антологија која што е посветена на градот Скопје и во неа се презентирани 30 македонски писатели со раскази, поезија и есеи. Во еден антологиски избор се опфатени автори кои што се афирмирани и етаблирани, но и нови и млади книжевни имиња. Тука се Митко Маџунков, Томислав Османли, Лидија Капушевска Дракулевска, Наташа Аврамовска, Марта Марковска, Панде Манојлов и други.“

Кон ова само уште информацијата дека Христо Петревски неодамна го објави својот нов роман „Твоите мои очи“ кој е продолжение на „Лифтот не е за двајца“ со која тој го освои Рациновото признание за најдобра книга во 2012, а за догодина планира да ја заокружи трилогијата.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG