Достапни линкови

Протест и осуда до евроамбасадорот Орав


Владата на Република Македонија денеска го осуди однесувањето на евроамбасадорот Аиво Орав поради употребата на терминот „славомакедонци” . Владата смета дека ваквиот однос не придонесува кон решение на отвореното прашање кое нашата земја го има со јужниот сосед, и изразува силно несогласување, протест и осуда на тоа.
- Со ваквиот однос амбасадорот Орав треба да знае и да е свесен дека се изразува непочитување на основниот принцип на самоопределување и самоименување. Исто така, со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата Европска Комисија ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на Обединетите Нации, се посочува во соопштението од Владата.
Владата ги цени напорите на Европската Комисија во процесот на проширување, но, како што се наведува, апелира на принципиелен однос од сите нејзини претставници по однос на ова за нас исклучително важно прашање.
XS
SM
MD
LG