Достапни линкови

Најголемите европски банки отпуштаат работници


Банките ширум светот укинуваат работни места, бидејќи строгите прописи и загриженоста за судбината на еврозоната ги загрозуваат нивните профити и работењето на нивните единици за инвестициско банкарство. Хрватските медиуми пренесуваат дека многу банки почнале да отпуштаат вработени и укинуваат други работни места со цел да се изборат против строгите банкарски прописи. Од средината на минатата година најавено е укинување на 158 000 работни места во големите банки, а од крајот на 2009 година работата ја изгубиле 167 000 работници. Според податоците на Британскиот центар за економски и деловни истражувања, продолжувањето на отпуштањата ќе резултира со пад на бројот на вработени на најниско ниво во последните 20 години.
Според проценките на истиот центар, во текот на оваа година ќе дојде до колапс на многу работни подрачја, додека следната година постојат мали шанси за поголем раст на економски активности.
XS
SM
MD
LG